Connect with us

Брегалница Штип добива турски сопственици

Македонскиот второлигаш Брегалница е пред ново поглавје во својата историја. Според информациите на „М-нет телевизија“, клубот добива сериозна финансиска поддршка откако 85% од акциите се продадени на турски инвеститор, додека преостанатите 15% ќе останат во сопственост на Општина Штип.

Турците веќе ја презеле контролата врз оперативното раководење со клубот, а амбициите се јасни – создавање конкурентен тим кој ќе се бори за промоција во Првата лига. Иако досега немаше активности на трансфер пазарот, со новата управа се очекуваат брзи и конкретни чекори во засилување на тимот.

Минатата сезона, Брегалница остана без шанса за бараж откако во последното коло загуби директен дуел со Башкими, со што ја пропушти можноста за третото место. Сега, со новата енергија и инвестиции, клубот има сериозна шанса за ренесанса.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови