
Kрилниот напаѓач Роналдо Ромарио Вебстер од Јамајка е најновото засилување на Брегалница за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.
22-годишниот Вебстер доаѓа од фудбалскиот клуб Кавалиер од Јамајка, а претходно има настапи и за ФЦ Рено, исто така во домашниот шампионат. Вебстер досега има и еден официјален настап за репрезентацијата на Јамајка.
Претходно, Брегалница се засили и со дефанзивецот Самал Дикенс од Панама, фудбалерот од средниот ред Филип Стојчевски од Силекс, репрезентативецот на Јамајка, Колин Андерсон, офанзивецот Фабрицио Венегас од Костарика, голманите Мартин Давков и Кире Новаков, како и десниот бек Ване Јованов, кои се повратници меѓу „сините“.
Во меѓувреме продолжуваат активните подготовки на составот на Горан Здравков за новата сезона во ПМФЛ. Поради технички причини, одложен е пријателскиот натпревар со Теута кој требаше да се игра во Банско.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора
