
По крајот на есенскиот дел од сезоната 2021/22 Брегалница со меѓусебен договор јапрекина соработката со фудбалерот од средниот ред, поранешниот македонски репрезентативец Муарем Муарем и напаѓачот Андреј Кудијан.
„Минав прекрасен период во Брегалница, му благодарам на клубот за успешната меѓусебна соработка но пред мене сега се други предизвици поради што следи актуелната разделба“ – вели Муарем, кој без сомнение остави неизбришива трага во редовите на Брегалница изминатата една година која ја одбележа враќањето на „сините“ во елитното друштво.
Андреј Кудијан, пак, беше еден од носителите на тимот изминативе години низ трнливиот пат на враќањето на клубот во Првата македонска фудбалска лига.
„Несомнено беше нескриено задоволство да се имаат овие имиња во нашиот клуб. Наша чест и задоволство беше да се има играч како Муарем со богато репрезентативно и интернационално искуство кој без сомнение со својата професионалност дополнително допринесе за подигнување на нивото на тимот на скалило плус“ – вели спортскиот директор на Брегалница, Никола Тонев.
По крајот на есенскиот дел од сезоната во ПМФЛ договорено е и фудбалерот од средниот ред Марио Наумоски следните шест месеци да ги мине на отстапница во насока на добивање поголема минутажа на фудбалските терени.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У18 подобра од Индонезија

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
