
Брегалница сака да го заборави убедливиот пораз од Ренова во Тетово и се надева на триумф во Штип против Струга Трим Лум. Тимот на Марјан Секуловски ќе мора да прикаже одлична партија, со оглед дека стружани тешко губат бодови дури и на гости.
Јован Манев се надева дека Брегалница ќе биде во вистински елемент.
„Сакаме против Струга ТЛ да се вратиме на победите. Зад нас останува дуелот со Ренова, утврдени се грешките и изминативе денови завршени се анализите од натпреварот, сега сме комплетно фокусирани на пресметка со една од најдобрите екипи во лигата. Максимално го респектираме тимот на Струга ТЛ, но знаеме и веруваме доколку одиграме на високо ниво дека можеме до трите бода“, вели Јован Манев.
Македонија Ѓорче Петров мора да стави крај на негативната серија и ќе стори се да освои бодови против Ренова. Тимот на Ќатип Османи игра одлично оваа сезона и верува дека може да остане непоразен и на денешниот дуел.
Скопје ќе игра интересен меч на Автокоманда против Академија Пандев, а во Битола ќе се игра дерби за бегство од дното меѓу Пелистер и Тиквеш.
Актуелниот шампион Шкендија во Тетово го пречекува Борец и планира три бода, а утре се игра дербито меѓу Шкупи и Работнички на Чаир.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 9. КОЛО
Тетово: ШКЕНДИЈА – БОРЕЦ (денеска, 15 ч.)
Штип: БРЕГАЛНИЦА – СТРУГА ТЛ
Ѓорче Петров: МАКЕДОНИЈА ЃП – РЕНОВА
Битола: ПЕЛИСТЕР – ТИКВЕШ
Автокоманда: СКОПЈЕ – АК. ПАНДЕВ
Чаир: ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ (утре, 15 ч.)

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ал-Наср со 85 милиони евра по Габриел Мартинели

Евро-фудбал
ПСЖ намириса „одмазда“ и тргнува по Родриго

Евро-фудбал
Диого Жота загинал на пат кон Ливерпул

Прва лига
Струга ТЛ се засили со Гледи Мици
