Фудбалерите на Брегалница вчера ги стартуваа подготовките за враќањето во Првата македонска фудбалска лига. Шефот на стручниот штаб Марјан Секуловски ги собра своите избраници, на стартот од подготовките со две квалитетни засилувања во одбраната, поранешниот македонски репрезентативец Даниел Мојсов и Хрватот Антонио Азиновиќ.
Во Штип ќе се работи до 28. јуни кога следи преселба во Пехчево во тренинг-базата на спортскиот комплекс „Гогов“. На 3. јули во Пехчево е планирано и одигрување на првиот пријателски натпревар летово, против Борец од Велес.
Тимот на 10. јули се сели на Златибор каде ќе бида реализирана главната фаза од подготовките со одигрување на четири пријателски средби.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski