Connect with us

Брегалница ќе го именува Горан Здравков за нов тренер

Македонскиот прволигаш Брегалница во наредните денови ќе го именува Горан Здравков за нов тренер. Поранешниот истакнат фудбалер на штипскиот тим, кој во првиот дел од сезоната успешно го предводеше Детонит Плачковица, треба да седне на клупата на Брегалница.

По заминувањето на Илчо Ѓорѓиоски, раководството на клубот не го реши тренерското прашање, а интенцијата е да биде поставен домашен стратег кој добро ја познава средината и ќе добие одлични услови за работа во вториот дел од шампионатот.

Во тимот се очекуваат и одредени промени во зимскиот преоден рок.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови