
Брегалница и Кожуф ремизираа (2-2) на пријателскиот натпревар во Гевгелија. Штипјани беа блиску до триумф, но Кожуф успеа да израмни во самиот финиш од дуелот.
Првото полувреме заврши со предност на гевгеличани по погодокот во 39. минута. Но, во вториот дел, нововлезените Наумов и Дујоски беа креатори на израмнувањето во 59. минута. Наумов асистираше а Владимир Дујоски со прекрасен шут од 16 метри го постигна својот деби гол за Брегалница.
Во 62. минута, по прекрасна акција по левата страна, Дарко Додев мајсторски погоди за 1-2, а Кожуф на крајот сепак стигна до реми.

Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement

Интернационалци
Марио Илиевски се пресели во Косово – потпиша за Приштина
