Новиот македонски прволигаш Брегалница продолжува активно да учествува на трансфер пазарот. Српскиот напаѓач Милан Ѓокиќ е најновото засилување на штипскиот тим за новата 2021/2022 натпреварувачка сезона.
Тој доаѓа од редовите на суперлигашот од Србија, Бачка Топала.
Ѓокиќ, кој фудбалски потекнува од школата на Спартак Суботица, изминативе три години е со суперлигашко искуство во Србија, настапувајќи во дресовите на Златибор, Спартак Суботица и Бачка Топола. За него Брегалница е прв интернационален предизвик во кариерата.
Претходно Брегалница ги доведе поранешниот бугарски репрезентативец Иван Минчев, кој игра во средниот ред, како и крилниот офанзивец Бобан Георгиев кој пристигна од редовите на Борац Бања Лука. Засилена е и одбраната со македонскиот дефанзивец Даниел Мојсов, повратникот Стефан Коцев и Хрватот Антонио Азиновиќ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Винисиус сака трансфер во ПСЖ?













