Македонскиот прволигаш Брегалница ги стартуваше зимските подготовки за пролетниот дел од шампионатот во Првата македонска фудбалска лига. Откако во текот на вчерашниот ден беа завршени медицинските тестови, денеска „сините“ го означија првиот собир со старт и на тренинзите од зимскиот подготвителен период.
Брегалница до 15. јануари ќе работи во Штип а потоа од 16. јануари до 30. јануари ќе бидат реализирани централните подготовки во турскиот туристички центар Анталија.

Стартот на подготовките Брегалница го означи со пет нови имиња во своите редови. По позајмицата назад во тимот се враќаат Љупче Кудев и Анџело Николовски, а од редовите на Кит Го се приклучија и Давид Бошевски, Кире Трпчевски и Зоран Андонов.
Левиот бек Михаил Маневски направи трансфер во редовите на Шкендија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













