Connect with us

Бразилците го исфрлија Ентони од репрезентацијата поради истрагата за семејно насилство

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Ентони, експресно е исклучен од репрезентацијата на Бразил за септемвриските натпревари, откако против него е поведена истрага за семејно насилство.
Крилниот напаѓач беше повикан за натпреварите против Боливија и против Перу, но потоа се појави информација дека на негово место во селекцијата доаѓа Габриел Жесус од Арсенал.


„Во светло на фактите за Ентони, кои станаа познати во понеделникот и кои допрва треба да се истражат, а со цел да се заштити наводната жртва, играчот, репрезентацијата на Бразил и Бразилската фудбалска конфедерација, ве известуваме дека спортистот е исклучен од тимот“, истакнаа од Федерацијата.

Неговата поранешна девојка го пријави Ентони дека физички ја малтретирал додека била бремена.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови