Connect with us

Бразилецот Хулк ќе биде соиграч на Јован Манев во Адана Демирспор

Поранешниот напаѓач на Порто, Хулк, се враќа во Европа и ќе потпише договор со Адана Демирспор. 36-годишниот Бразилец ќе биде нов соиграч на македонскиот интернационалец Јован Манев, кој настапува за овој турски клуб. Договорот ќе биде потпишан по отворањето на преодниот рок во Турција на 12 јануари.


Хулк минатата сезона играше за Атлетико Минеиро и постигна 29 гола на 46 натпревари.

Напаѓачот се прослави со Порто, каде играше од 2008 до 2012 година, а потоа имаше квалитетни настапи во Русија со Зенит, како и со кинескиот Шангај СИПГ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови