Connect with us

Бразил ќе тестира без Нејмар и без Алисон Бекер

Привремениот селектор на Бразил, Рамон Менезес, ги остави Нејмар и Алисон надвор од тимот за пријателскиот натпревар против Мароко на 25 март. Бразил ќе игра за првпат по Светското првенство во Катар во 2022 година, каде што испадна во четвртфиналето по поразот од Хрватска.


Ѕвездата на тимот Нејмар се повреди на натпревар од француското првенство минатиот месец. Менезес, кој е селектор на репрезентацијата на Бразил до 20 години, не објасни зошто голманот Алисон Бекер го нема во тимот, но рече дека сака да им даде можности на нови играчи. Селекторот донесе неколку играчи од селекцијата до 20 години.

Бразилската фудбалска конфедерација продолжува да бара постојан наследник на Тите, кој си замина по поразот од Хрватска. Претседателот на Конфедерацијата Еналдо Родригез во февруари негираше дека разговарал со тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови