Connect with us

Бразил е првиот финалист на Копа Америка (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Бразил е првиот финалист на Копа Америка откако го совлада Перу со 1-0 во полуфиналната пресметка во Рио де Жанеиро. Стрелец на победничкиот гол за „кариоките“ беше Лукас Пакета во 35.минута, на асистенција на Нејмар, кој одигра одличен натпревар.

Нејмар се ослободи од неколку противнички фудбалери, умешно го проигра Пакета, а тој ја затресе мрежата на Перу.

Бразилците во финалето ќе го очекуваат подобриот од вториот полуфинален меч меѓу Аргентина и Колумбија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови