Connect with us

Братство од Житоше ќе игра во Втората лига Исток

Тимот на Братство од Житоше е новиот второлигаш и следната сезона ќе се натпреварува во Втората лига Исток, откако во плејоф – бараж дуелот успеа да го совлада Хоризонт Турново со 1-0. Стрелец на победничкиот гол беше Насаф Шабанов во 85.минута од мечот.

Составот на Ромер Муриќ заслужено оствари голем подвиг и успеа да се пласира во повисок ранг на натпреварување. Шабанов имаше одлична можност за да го отвори резултатот и во 75.минута, но не успеа да реализира. Сепак, десет минути подоцна успеа да го пронајде патот до мрежата на Хоризонт Турново.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови