
Манчестер Јунајтед доживеа уште еден тежок пораз оваа сезона, разочарувајќи ги своите навивачи на „Олд Трафорд“. Тимот на Брајтон славеше со 1-3, нанесувајќи им нов удар на „Црвените ѓаволи“.
Гостите поведоа рано, уште во петтата минута, благодарение на голот на Минтех, што донесе студен туш за домашните фанови. Манчестер Јунајтед израмни во 23. минута преку Бруно Фернандеш, кој успешно реализира пенал, и изгледаше дека тимот повторно се враќа во игра.
Сепак, второто полувреме беше клучно за исходот. Во 60. минута Каору Митома постигна гол за ново водство на Брајтон, додека во 76. минута Рутер ја казни големата грешка на голманот Андре Онана и го постави конечниот резултат 1-3.
Евертон на „Гудисон Парк“ го совлада Тотенхем со 3-2, што значително ги зголеми шансите за опстанок во Премиер – лигата. Домаќините стекнаа убедливо водство од 3-0 во првото полувреме, благодарение на головите на Калверт-Луин, Ндаје и автоголот на Греј. Во вториот дел, Кулушевски и Ришарлисон само успеаја да го намалат резултатот.
Нотингем Форест продолжува со импресивната форма, совладувајќи го Саутемптон со 3-2 во возбудлив натпревар, потврдувајќи го својот напредок оваа сезона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
