
Брајтон приреди пресврт и го елиминираше Челси од ФА Купот, славејќи со 2-1 во последниот саботен натпревар од четвртото коло.
Челси поведе уште во петтата минута по несреќна реакција на голманот Барт Вербруген, кој при обид да пресече додавање од Кол Палмер, ја смести топката во сопствената мрежа.
Но, Брајтон брзо се врати во игра – во 12. минута Џорџинио Рутер со одличен удар со глава израмни на 1-1.
И покрај неколкуте интересни напади на двете страни до крајот на првото полувреме, голови немаше.
Пресвртот се случи во 57. минута, кога Рутер испрати одлично нафрлување во шеснаесетникот, а Каору Митома одлично реагираше и ја затресе мрежата на Челси за конечни 2-1.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal