
Капитенот на Македонија ЃП, Боби Божиновски, верува дека „лавовите“ можат да приредат изненадување на утрешниот прв меч од квалификациите за Лигата на Европа против Алашкерт. Македонскиот тим ја има улогата на аутсајдер на гостувањето во Ерменија, но „лавовите“ од Ѓорче Петров се оптимисти дека ќе можат да стигнат до позитивен резултат.
“Алашкерт е благ фаворит на хартија, но ние ќе покажеме дека на терен тоа не значи ништо. Овој натпревар можеби и нема да има многу фудбалска убавина, туку напротив, силна борба на секој дел од теренот. Се надевам дека ние ќе излеземе како победници од таа борба и ќе извлечеме позитивен резултат во првите 90 минути од овој двомеч, а тоа би значело се освен пораз“ – истакна капитенот Боби Божиновски.
Натпреварот меѓу Алашкерт и Македонија ЃП се игра утре со почеток во 17 часот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Манчестер Сити подготвува понуда за Родриго
