
Раководството на Борусија Дортмунд ја разгледува можноста во тимот да го врати напаѓачот Џејдон Санчо. Англичанецот се пресели во Манчестер Јунајтед во една од најголемите зделки на трансфер пазарот во 2021 година, но падна во немилост на „Олд Трафорд“ во последните месеци по кавгата со менаџерот Ерик Тен Хаг.
Санчо беше отстранет од тимот, а менаџерот на „црвените ѓаволи“ побара извинување од играчот за да биде вратен во тимот. Сепак, никогаш не го доби.
Според извори на „ЕСПН“, Борусија Дортмунд размислува да го доведе Санчо на позајмица до крајот на сезоната. Германскиот клуб во моментов негира таква опција, но упатените тврдат дека „жолто-црните“ се сериозни во своите намери.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal