Борусија Дортмунд се обидува да го врати Џејдoн Санчо во јануари. Според „Скај Спорт Германија“, бундеслигашот веќе е во преговори со неговиот сегашен клуб Манчестер Јунајтед за договор за позајмица до крајот на сезоната.
И самиот фудбалер е подготвен да се врати во тимот што го напушти во 2021 година.
Санчо нема играно за „црвените ѓаволи“ од август, кога падна во немилост по расправијата со Ерик тен Хаг.
Интерес за Англичанецот има и од Вест Хем. Лондончани ја следат ситуацијата, но пречка за трансферот е неговата висока плата од 250.000 фунти неделно.
23-годишниот Џејдон Санчо се пресели во Манчестер Јунајтед во јули 2021 година за сума од 85 милиони евра. Тој претходно играше за Борусија Дортмунд четири сезони, постигнувајќи 50 гола и 64 асистенции на 135 натпревари.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal