Борусија Дортмунд официјално се раздели со тренерот Нури Шахин, објави „Скај Спорт Германија“. Одлуката на раководството била соопштена на тренерот и неговиот стручен штаб веднаш по поразот од 1-2 против Болоња во Лигата на шампионите. Ова беше четврти последовен пораз за тимот во сите натпреварувања.
Нури Шахин, кој има 36 години, го презеде водството на Борусија во летниот преоден период. Под негово раководство, тимот одигра 27 натпревари, постигнувајќи 12 победи, 4 нерешени резултати и 11 порази. Во моментот, Борусија се наоѓа на десеттото место во Бундес-лигата со освоени 25 бода.
Borussia Dortmund und Nuri Sahin gehen ab sofort getrennte Wege
— Borussia Dortmund (@BVB) January 22, 2025
Der BVB hat seinen Cheftrainer nach der enttäuschenden 1:2-Niederlage in der UEFA Champions League am Dienstagabend beim FC Bologna freigestellt.
Alle Infos:
👉 https://t.co/TufDGRXeGq pic.twitter.com/3CeC9hgAAe
Тренерската промена доаѓа по серијата негативни резултати, што предизвика зголемени критики и притисок врз Шахин и тимот.
Како најсериозен кандидат за нов тренер на Борусија Дортмунд се споменува Ерик Тен Хаг, поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal