Борусија Дортмунд ги демантираше наводите дека Ерлинг Халанд во последните денови од летниот преоден рок ќе биде продаден во Пари Сен Жермен. Извршниот директор Михаел Цорк остро реагираше на обвинувањата дека Норвежанецот ќе оди во ПСЖ за 200 милиони евра.
„Ние сме фудбалски клуб, а не банка! Нашиот став е јасен и не се промени. Претпоставувам дека ќе има уште шпекулации во следните два дена. Нашиот став е јасен и нема да изигрувам папагал секој пат“, изјави Цорк.
Сите најголеми европски клубови покажаа интерес за Халанд, но Борусија Дортмунд не сака да го продаде ова лето. Цената на овој одличен напаѓач следното лето ќе биде 70 милиони евра бидејќи тогаш ќе се активира клаузулата што ја пропишува таа сума.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













