Борнмут има сериозен интерес кон голманот на Челси, Кепа Аризабалага, тврди реномираниот „The Athletic“.
„Црешите“ сакаат да го привлечат голманот на позајмица и веќе работат на можната реализација на оваа зделка.
Кепа е врвен приоритет и цел на Борнмут, бидејќи Челси нема да смета на него. Голманот се врати од позајмица во Реал Мадрид и бара нов клуб каде ќе може да добие доволна минутажа.
Борнмут ја следи и ситуацијата со Арон Рамсдејл. Ако Кепа прејде во некој клуб на позајмица, веројатно ќе мора да го продолжи договорот со Челси, бидејќи сегашниот му договор истекува во летото 2025 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













