
Њукасл ја прекина својата фантастична серија од девет победи со неочекуван пораз од Борнмут, кој славеше убедливо со 1-4 на овој натпревар. Херој на тимот беше Џастин Клајверт, кој постигна хет-трик, додека четвртиот гол за гостите го даде Милош Керкез.
Борнмут го отвори резултатот уште во шестата минута преку Клајверт. Њукасл успеа да израмни во 25. минута со голот на Бруно Гимараеш, но Клајверт повторно го врати водството за својот тим пред крајот на првото полувреме.
Во финишот на натпреварот, Клајверт го комплетираше својот хет-трик во 92. минута, а Милош Керкез во шестата минута од судиското продолжение го запечати резултатот за убедлива победа на Борнмут.
Ова е неочекуван пораз за тимот на Еди Хау, кој не успеа да ја задржи формата од претходните натпревари. Борнмут, пак, со оваа победа покажа одлична форма и максимално ги искористи слабостите на Њукасл на овој дуел.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Срамот е за Воска, која го напушти теренот и не го доигра мечот против...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Димитар Митровски донесе триумф за Вараждин
