Дефанзивецот Леонардо Бонучи се согласил на предвремен раскин на договорот со Унион Берлин и наскоро ќе му се приклучи на турскиот гигант Фенербахче. Италијанскиот дефанзивец ќе потпише договор со турскиот клуб до крајот на сезоната.
36-годишниот стопер утре треба да пристигне во Истанбул на медицински прегледи.
Бонучи минатото лето дојде во Унион Берлин од Јувентус како слободен играч. Оваа сезона, дефанзивецот одигра само 10 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна еден гол.
Претходно, искусниот дефанзивец се поврзуваше со евентуален трансфер во италијански клубови како Рома и Џенова.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













