Connect with us

Бомба од Шпанија: Ерлинг Халанд го избрал Реал Мадрид

Ерлинг Халанд го избрал Реал Мадрид. Телевизиското шоу „Ел Чирингито“, односно неговиот автор Хосеп Педрерол, синоќа лансираше бомба – Холанѓанецот го избрал Реал Мадрид за негов следен клуб. Трансферот треба да се реализира претстојното лето.


Според сите најави, Норвежанецот конечната одлука за продолжување на кариерата треба да ја донесе пред крајот на сезоната, најверојатно веќе во април, а во пол-позиција за неговиот потпис е Реал.
Во Мадрид веруваат дека Халанд и Мбапе би можеле заедно да пристигнат на „Бернабеу“, што веројатно би бил најсилниот тандем во следната деценија.

Реал Мадрид нема да има проблем да плати се што е потребно за Халанд, а тоа се 75 милиони евра обештетување на Борусија Дортмунд и уште 40 милиони евра бонуси за Мино Раиола и за Алфи Халанд.
Флорентино Перез фантазира за квартет галактикоси, Бензема, Винисиус, Халанд, Мбапе. Карим Бензема би бил „ментор“ на Холанд само една сезона, би ја делеле минутажата, а од 2023 година Норвежанецот би станал напаѓач број еден кај „кралевите“.

Барселона се обидува да го разубеди Халанд, Хоан Лапорта е во одлични односи со Раиола и ќе му ги понуди истите услови како Реал, но наводно Норвежанецот веќе донел одлука и тоа само поради спортски причини.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови