Џанлуиџи Донарума дефинитивно ќе го напушти Пари Сен Жермен на крајот на сезоната. Првиот голман на италијанската репрезентација веќе подолго време е во контакт со Јувентус.
Иако италијанските медиуми пишуваа дека тоа е веќе „завршена работа“, сепак, престижниот француски весник „Л’Екип“, најавува голем пресврт.
Донарума би можел да се врати во Милан, откако се појави приказната дека инвестициски фонд од Бахреин е подготвен да ги купи „росонерите“ за милијарда евра.
Мајк Мењон брани феноменално оваа сезона. Тој целосно го надомести заминувањето на Донарума, но најпрестижниот француски весник тврди дека враќањето на Донарума на „Сан Сиро“ е повеќе од реална опција.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













