
Македонскиот прволигаш Пелистер доведе големо засилување. Во Битола пристигна поранешниот репрезентативец Мирко Ивановски кој потпиша договор со „зелено-белите“ и се враќа во матичниот клуб.
Тој денеска потпиша договор и се враќа во матичниот клуб и во македонскиот фудбалски шампионат.
Мирко Ивановски е еден од фудбалерите со најдолг интернационален стаж во нашата земја. Тој настапуваше за шест романски клубови, Петролул, Клуж, Астра Ѓурѓиу, Конкордија, Динамо Букурешт и Тунари.
Неговиот фудбалски пат го водеше во Чешка, Полска, Турција, Хрватска, Унгарија. Настапуваше за Славија Прага, Арка Гдиња, Видеотон, Болуспор, Славен Белупо, Хајдук Сплит, Диосѓер…
34-годишниот напаѓач повторно ќе игра во Првата македонска фудбалска лига, каде што дебитираше во дресот на Пелистер и ја освои титулата со Македонија Ѓорче Петров.
За македонската репрезентација има 27 натпревари, а настапуваше и за сите младински селекции. Тој веќе започна со тренинзи со фудбалерите на Пелистер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Алегри: Не смееме да примаме толку лесни голови

Интернационалци
Глазгов Ренџерс сака да го врати Бојан Миовски во Шкотска

Евро-фудбал
Педри: Нема да молчам, тоа не беше пенал!
