Connect with us

„Бомба“ од Барселона: Раиола и таткото на Халанд на разговори на „Камп Ноу“

Норвешкото фудбалско чудо Ерлинг Халанд е блиску до трансфер. Ова го открива каталонскиот весник „Спорт“ кој објави ексклузивна фотографија како агентот Мино Раиола и таткото на Халанд пристигнуваат на „Камп Ноу“ на разговори со претседателот на клубот Хоан Лапорта.

Ерлинг Халанд е еден од најбараните фудбалери на денешницата, игра во фантастична форма во дресот на Борусија Дортмунд, а најавите се дека ќе си замине од „Сигнал Идуна Парк“ претстојново лето за сума од околу 70 милиони евра. Покрај Барселона, за одличниот напаѓач се заинтересирани и Реал Мадрид, Манчестер Сити, Пари Сен Жермен, Манчестер Јунајтед, Јувентус…

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови