Синиша Михајловиќ доби отказ од Болоња. Потегот беше очекуван со оглед дека Болоња нема ниту една победа по петте одиграни кола во Серија А и има само три освоени бода.
Михајловиќ ја презеде Болоња во 2019 година во вториот мандат како предводик на екипата. Претходно ја почна тренерската кариера токму во овој клуб во 2008 година. Како можни замени за него се споменуваат Тиаго Мота, Клаудио Раниери и Роберто де Зерби.
Михајловиќ се уште се бори со леукемија. На 26 март, на изненадување на сите, свика прес-конференција и објави дека треба повторно да се лекува за да избегне влошување на состојбата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













