Натпреварот меѓу Евертон и Барнли на 26 декември е одложен од раководството на Премиер – лигата на второ барање на „карамелите“. Ова е трет меч на „Боксинг деј“ кој е одложен поради коронавирусот.
Менаџерот на Евертон, Рафаел Бенитез, вчера изјави дека е изненаден што ќе се игра натпреварот со Барнли, иако „карамелите“ беа погодени од силен бран на коронавирусот, а имаат и криза со повредени играч.
Раководството на клубот побара одложување од Премиер – лигата, кое беше одбиено.
Бенитез на прес-конференцијата јасно стави до знаење дека само девет играчи се достапни за избор на составот.
На крајот, од втор обид премиерлигашот доби одложување на овој натпревар и стана трет меч од традиционалната програма на „Боксинг деј“ во Англија, која нема да се игра. Претходно, истата судбина ја доживеаја и дуелите Ливерпул – Лидс и Вулверхемптон – Вотфорд.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal