Струга Трим Лум е во низа од две првенствени победи, а обезбеди пласман и во полуфиналето на Купот, па избраниците на Срѓан Захариевски сакаат на убав начин да ја заокружат есенската полуетапа. Денеска на домашен терен ја пречекуваат Ренова, а Бесмир Бојку верува во добар настап и успех.
„Ренова има квалитетен тим со играчи кои во секој момент можат да направат разлика, но ние покажавме дека со подобрите екипи играме подобро и имаме сила за позитивни резултати. Се надевам дека уште еднаш ќе докажеме дека не сме случајно во полуфиналето на Купот и успешно ќе ја завршиме есента”, изјави Бојку.
Шкендија и Шкупи се фаворити на дуелите против Скопје, односно Борец, а и Академија Пандев има релативно лесна задача против Пелистер на домашен терен. Интересна ќе биде градската пресметка меѓу Работнички и Македонија ЃП на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Вчера, Брегалница го совлада Тиквеш со 1-3.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 18.КОЛО (13 часот)
ШКЕНДИЈА – СКОПЈЕ
БОРЕЦ – ШКУПИ
РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ПЕЛИСТЕР
СТРУГА ТРИМ ЛУМ – РЕНОВА
ВЧЕРА: ТИКВЕШ – БРЕГАЛНИЦА 1-3
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal