Connect with us

Бојку: Македонија ЃП е добар тим, нѐ очекува тежок натпревар

Струга Трим Лум сака да продолжи со победи во шампионатот, а денеска гостува во Ѓорче Петров каде ќе се сретне со Македонија ЃП. Фудбалерот за врска Бесмир Бојку вели дека неговиот тим го очекува тежок натпревар.


„Секако, нè очекува многу тежок гостински натпревар, играме против добар тим. Верувам дека направивме правилна анализа за овој противник и верувам дека ако ги извршуваме задачите дадени од тренерот, на крајот ќе излеземе со гордо крената глава и ќе продолжиме по патот кон нови успеси“, вели Бесмир Бојку.

Струга Трим Лум имаше успешно гостување во Ѓорче Петров во Купот на Македонија, кога славеше со 0-5 против домаќинот Македонија ЃП.


„Ова ќе биде сосема поинаков натпревар, за бодови“, потенцира Бојку.


Струга Трим Лум им се врати на победите во минатото коло совладувајќи го Шкупи, а по 11 кола се наоѓа на втората позиција со 26 бода, еден зад лидерот Вардар. Македонија ЃП е осмопласирана, со 14 освоени бода.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови