
Струга Трим Лум со две победи ја почна сезоната, а сака да продолжи во ист ритам и против Работнички пред своите гледачи, на отворањето на третото коло од Прва МФЛ. Нов тренер, нова мотивација, нова свежина и тоа засега носи резултат.
Стружани имаат неколку нови имиња во тимот, но засега е тоа добро вклопено. Фудбалерот за врска Бесмир Бојку со максимален респект зборува за ривалот Работнички, но исто така се надева дека Струга ТЛ ќе ја продолжи победничката низа.
„Би било убаво да имаме „три од три“ после Работнички. По двете победи, атмосферата во тимот е одлична, работевме напорно изминативе неколку дена и го анализиравме Работнички. Не треба да се залажуваме, тие се одличен тим, со неколку навистина квалитетни индивидуалци, но и ние имаме верба во својот тим и посакуваме да ги освоиме трите бода. Ќе биде тежок натпревар, ќе дадеме се од себе и се надеваме дека со помошта од публиката ќе успееме да стигне до посакуваниот резултат“, вели Бесмир Бојку за официјалниот сајт на ФФМ.
Струга Трим Лум и Работнички ќе го отворат третото коло во Првата МФЛ со натпреварот в петок, со почеток од 17 часот на Градскиот стадион во Струга.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Талески: Брера не смееме да ја потцениме

Евро-фудбал
Тотенхем тргнува по Морган Роџерс

Евро-фудбал
Даглас Луис го засили Нотингем Форест

Евро-фудбал
Немања Матиќ се враќа во Серија А

Евро-фудбал
Баерн Минхен ќе го купи Џејдон Санчо?

Интернационалци
„Билд“: Лајпциг бара 20 милиони евра за продажба на Елмас

Прва лига
Шкендија се засили со Атдхе Мазари
