
Бојан Миовски продолжува да импресионира со своите настапи во дресот на Џирона, а неговата одлична форма во шпанската Ла Лига му донесе уште едно големо признание – избор во идеалниот тим за месец ноември.
Македонскиот напаѓач блесна на натпреварот против Еспањол, постигнувајќи два гола и додавајќи асистенција, што го издвои како еден од најдобрите играчи во тој натпревар. Благодарение на ваквите перформанси, тој заслужено се најде во „дрим-тимот“ на Ла Лига за ноември, заедно со своите соиграчи од Џирона – Хил, Мартинез и Гутиерез.
Во нападот, Миовски го дели местото со хрватскиот напаѓач Анте Будимир од Осасуна, додека средниот ред го предводат две од најголемите имиња на Барселона, Дани Олмо и Рафиња.


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Дојде потврда од УЕФА: Македонија У21 ќе ја пречека Италија во Битола

Прва лига
Работнички и Бојан Маркоски се разделија

Евро-фудбал
Меси донесе финале за Интер Мајами (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Сасуоло го претстави Немања Матиќ
