
Македонската А репрезентација ги започна подготовките за претстојните натпревари, контролен против Саудиска Арабија (04. септември, Прага) и Лихтенштајн (07. септември, Скопје) од квалификациите за СП 2026.
Поради повреда, Димитар Митровски нема да биде дел од септемвриските пресметки. Фудбалерот од средниот ред на Олимпија Љубљана ќе ги пропушти натпреварите поради повреда на задната ложа здобиена на загревање пред синоќешниот натпревар од словенечкото првенство. На првиот тренинг отсуствуваа Елиф Елмас и Дарко Чурлинов, двајцата утре ќе се стават на располагање на селекторот Милевски.
Бојан Миовски, кој пред само два дена го реализираше својот голем трансфер во шкотскиот гигант Глазгов Ренџерс, ги сподели своите очекувања од новата страница во клупската кариера, како и очекувањата од натпреварите до националниот тим.
„Кога дојде понудата од Ренџерс не се двоумев, тренерот ми даде дополнителна поддршка и среќен сум поради тоа. Дебитирав против Селтик, прв пат почувствував таква атмосфера, знаеме какво е ривалството меѓу двете екипи. Во Џирона не беше се сјајно, имавме лоша сезона, колективно и индивидуално. Едноставно бев во погрешно време таму и морав да донесам одлука за мојата иднина. Се вратив во шкотската лига кадешто претходно настапував во Абердин, но сега во многу поголем историски клуб“.
„Имаме позитивна форма во репрезентацијата, се надевам дека ќе го продолжиме тој добар ритам и на натпреварите кои ни следуваат. Треба добро да се подготвиме за Саудиска Арабија која е многу сериозна репрезентација, а потоа максимално да се фокусираме на Лихтенштајн. Денеска нема слаби селекции и однапред добиени натпревари“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Дарко Чурлинов и официјално е нов член на Кочаелиспор

Евро-фудбал
Рандал Коло Муани на позајмица во Тотенхем

Интернационалци
Дарко Чурлинов потпиша за Кочаелиспор
