
Фудбалерите на Работнички ја завршија својата европска авантура уште во првото квалификациско коло на Конференциската лига, откако и на реванш средбата загубија од белорускиот Торпедо Белаз, овојпат на домашен терен со 0-1. Со вкупен резултат од 0-4, „романтичарите“ остануваат без европска победа и без постигнат гол.
По натпреварот, тренерот на Работнички, Бојан Маркоски, беше искрен и реален во својата анализа.
„Честитки за екипата на Торпедо Белаз. Се покажа дека подобриот тим оди понатаму. Беа подобри и поискусни, и јасно е дека се во натпреварувачка форма. Ние сè уште ја бараме својата вистинска форма пред почетокот на сезоната. Имаме потенцијал, но ни претстои уште многу работа. Ова натпреварување беше важно искуство и голема лекција за сите нас.“
За Работнички, останува да се сврти кон подготовките за новата сезона во домашното првенство, со надеж дека извлечените поуки од европските натпревари ќе донесат поцврст и поконкурентен тим на домашната сцена.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal