Работнички го доведе првото засилување во пресрет на новата сезона. Дефанзивецот Бојан Илиевски е нов фудбалер на „романтичарите“. Тој доаѓа од редовите на Пелистер и ќе ја засили конкуренцијата во одбранбената линија на тимот.
„Чест ми е што добивам шанса да ги бранам боите на Работнички. Се работи за еден од најренонираните македонски клубови кој отвора голема перспектива за младите фудбалери. Се надевам дека ќе ја оправдам довербата на раководството со добри игри во наредниот период“, изјави Бојан Илиевски.
Спортскиот директор Горан Станковски е среќен што Работнички ангажираше квалитетен млад фудбалер во одбраната.
„Бојан Илиевски е квалитетен млад фудбалер кој се докажа со своите игри во дресот на Пелистер. Верувам дека ќе биде вистинско засилување за Работнички и дека ќе ја зголеми конкуренцијата и ќе го подигне квалитетот во одбраната на нашиот тим“, изјави Горан Станковски за официјалниот сајт на клубот.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski