Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија на денешната седница донесе одлука за утврдување на цените на влезниците за домашните натпревари на македонската А репрезентација, репрезентацијата до 21 година и женската А репрезентација.
А репрезентација: МАКЕДОНИЈА – ИСЛАНД
Скопје, Национална арена „Тодор Проески“, 14. ноември 2021.,18:00 часот
Влезници по цена од 150 и 300 денари за јужна и северна трибина преку продажната мрежа на MKTickets;
Репрезентација до 21 година: МАКЕДОНИЈА – ФРАНЦИЈА
Скопје, Национална арена „Тодор Проески“, 16. ноември 2021.,18:30 часот
Влезници по цена од 100,150 и 200 денари за јужна и северна трибина преку продажната мрежа на MKTickets;
Женска А репрезентација: МАКЕДОНИЈА – ЛУКСЕМБУРГ
Охрид, стадион „Билјанини Извори“, 26. октомври 2021., 13:30 часот
Влезници по цена од 100 денари на билетарата на стадионот „Билијанини Извори“;
Капацитетот на Националната арена „Тодор Проески“ и стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид е ограничен согласно мерките на Владата на Република С. Македонија утврдени за заштита од коронавирусот за присуство на гледачи на трибините.
- У.О. на ФФМ донесе одлука за измени на правилникот за регистрација, статус и трансфер на фудбалери на ФФМ поврзани со права на фудбалери во женска конкуренција;
 - У.О. на ФФМ донесе одлука за реконструкција (поставување нова тревна подлога со вештачка трева) на теренот со вештачка трева на стадионот во Ѓорче Петров;
 - У.О. на ФФМ го усвои календарот за натпреварување во Втора футсал лига и делегатската листа за футсал натпреварувањето;
 
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












