Метју Божиновски е повикан во селекцијата на Македонија до 21 година за пријателските натпревари против Словенија и против Саудиска Арабија. Се работи за дефанзивец кој настапува за Мелбурн виктори во првенството на Австралија и оваа сезона има шест настапи за тимот.
„Навистина сум возбуден и навистина не знам што да очекувам“, рече Божиновски.
„Тоа е неверојатна можност да играм во националниот тим и се надеваме дека ќе бидам избран за настап во дресот на Македонија и во квалификациите за фудбалери до 21 година во септември“.
Божиновски е роден во Австралија, а неговите родители по потекло се од Македонија.
„Целото мое родно стебло е македонско, па откако видоа дека имам право да играм за националниот тим, ме повикаа, а јас прифатив. Тоа е огромна чест. Имам многу македонски пријатели, секако и моето пошироко семејство е таму, така што е навистина возбудливо за сите“, изјави Метју Божиновски за медиумите во Австралија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Интернационалци
Уште една неуспешна тренерска епизода за Игор Ангеловски
Млади репрезентации
Македонија У15 ја победи Турција













