
Поранешниот фудбалер и спортски директор на Милан, Звонимир Бобан, го коментираше 125-годишниот јубилеј на овој европски гигант, кој ќе биде одбележан за време на натпреварот против Џенова на „Сан Сиро“. Бобан изрази разочарување што не е поканет на оваа свеченост, иако нагласи дека тоа не го носи со горчина.
„Екипата која ја создаде историјата, Милан е историја, величенствен и фантастичен клуб. Кога еднаш ќе сфатите колку е елегантен и колку победнички дух носи, никогаш повеќе не можете да се одвоите од тие бои“, изјави Бобан, додавајќи дека, иако не бил роден навивач на Милан, веднаш по контактот од клубот со неговиот татко инсистирал да потпише за Милан.
Бобан играше за Милан од 1991 година, освојувајќи ја Лигата на шампионите, четири пати беше шампион на Италија и трипати го освои Суперкупот на Италија.
Меѓутоа, односите на Бобан со клубот не се во најдобра состојба, бидејќи го тужеше Милан по заминувањето од позицијата спортски директор. Тој беше отпуштен во март 2020 година, по само девет месеци на таа позиција.
Судот донесе одлука дека Милан треба да му исплати на Бобан 5,3 милиони евра, од кои 4,1 милион евра за материјална штета и 1,2 милиони евра за нематеријална штета, плус камати.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Чиро Имобиле ќе паузира два месеца

Евро-фудбал
Алегри сака да го доведе Рабио во Милан

Интернационалци
Елиф Елмас е на чекор до враќање во Наполи
