Македонскиот репрезентативец Бобан Николов се сели во Италија и до крајот на зимскиот преоден рок ќе направи трансфер во италијанскиот второлигаш Лече, дознава МАКФУДБАЛ. Преговорите се во завршна фаза и се очекува до крајот на јануари тој да потпише договор со тимот од Серија Б.
Лече го засилува составот во обидот да избори експресно враќање во италијанската фудбалска елита. Тренерот Еугенио Корини сака да го засили средниот ред, а Бобан Николов е неговиот избор. Член на Лече е и поранешниот македонски репрезентативец, левиот бек Леонард Жута.
Актуелниот договор на Николов со унгарскиот клуб Фехервар истекува на крајот од сезоната и проценките на клубот се дека е најдобро да биде продаден за да има и одредена заработка. Во јуни македонскиот репрезентативец би заминал како слободен агент.
Бобан Николов ја стартуваше кариерата во младинската академија на Брегалница, но многу млад се пресели во Академијата на Георге Хаџи во Романија, а потоа и во Виторул. Се врати во Македонија во најтрофејниот македонски клуб Вардар, беше член на генерацијата која го избори историскиот пласман во групната фаза од Лигата на Европа, а потоа и направи трансфер во унгарскиот Фехервар. Следен чекор во неговата кариера треба да биде Италија и Лече. За него подолг период се интересираше и Џенова, тимот на Горан Пандев.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski