Поранешниот македонски репрезентативец и актуелен фудбалски стратег, Бобан Бабунски, би можел наскоро повторно да се врати на клупата – овојпат како главен тренер на екипата на Шкупи.
Бабунски последно беше ангажиран во Беса, но се задржа кратко – замина по помалку од еден месец, во јануари годинава. Оттогаш е без клуб. Интересно е што тој веќе има историја во Шкупи – во првиот дел од минатата сезона беше дел од стручниот штаб како асистент-тренер.
Според најавите, доколку дојде до договор, во неговиот стручeн тим ќе се приклучат Минас Османи, Ферид Весели и Умит Шахин, кој треба да ја преземе улогата на тренер на голманите.
Во својата тренерска кариера, Бабунски ги водеше Пелистер, Победа, Вардар и Работнички, а работеше и во стручниот штаб на македонската репрезентација. Неговиот евентуален ангажман во Шкупи би значел враќање на еден од поискусните домашни стручњаци во Првата македонска лига.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













