
Фудбалската репрезентација на Македонија ја оствари првата победа во квалификациите за СП 2022 во Катар откако на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ја декласира селекцијата на Лихтенштајн со 5-0. Избраниците на селекторот Игор Ангеловски прикажаа блескава партија и до врв ја наполнија мрежата на гостите.
Енис Барди во седмата минута од слободен удар го изненади Бенјамин Бухел, а пет минути подоцна ја погоди и гредата. По половина час игра се закани и капитенот Горан Пандев, но голманот на гостите одбрани.
Инвазијата продолжи во второто полувреме. Александар Трајковски за три минути постигна два гола и ги разреши сите дилеми околу победникот, во 51. и во 54.минута.
Елиф Елмас беше стрелец на четвртиот гол за Македонија во 62.минута, а Илија Несторовски со „паненка“ од пенал во 82.минута го постави конечниот епилог.
Македонија в среда го игра третиот меч од овој квалификациски циклус, против Германија во Дуисбург.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal