
Поранешниот претседател на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Сеп Блатер, денеска изјави дека неговиот советник Мишел Платини „вредел милион швајцарски франци годишно“ и дека не разбира зошто им се суди за измама.
„Го имав овој човек како соработник во мојата куќа и неговите совети се вредни еден милион“, рече Блатер на судењето во Белинцона.
Блатер поднесе оставка во јуни 2015 година по 17 години на чело на ФИФА поради корупциски скандал. Неколку месеци подоцна, федералното обвинителство во Швајцарија откри истрага за исплата на 2 милиони швајцарски франци, колку што Блатер платил во 2011 година на поранешниот претседател на Европската фудбалска унија (УЕФА), Мишел Платини, за консултантски услуги.
„Кога бев избран за претседател на ФИФА имавме лоши работи, но мислев дека човек од фудбалот ќе може да ни помогне, на ФИФА и на мене. Мишел Платини ми рече: „Вредам милион“, а јас му реков „Тогаш ќе бидеш со мене за милион“, додаде 86-годишниот Блатер.
Блатер и Платини ги негираа неправилностите и тврдеа дека во 1998 година постигнале устмен договор за таа исплата. Таа одбрана најпрвин пропадна пред Етичкиот комитет на ФИФА, кој ги суспендираше од фудбалот, а подоцна и во одделни жалби до Судот за спортска арбитража во Лозана.
Блатер му плати на Платини два милиони франци за консултантската работа што легендата на францускиот фудбал ја извршуваше од 1998 до 2002 година. За таа исплата не потпишале договор, а единствениот писмен договор што го имале е оној од 1999 година, со кој била одредена фиксна годишна плата од 300.000 франци, која ФИФА ја плаќала во целост.
Блатер повтори дека се договорил со Платини за плата која ќе се подмири подоцна, „кога финансиите на ФИФА тоа ќе го дозволат, со џентлеменски договор“ кој е постигнат усно и без сведоци.
„Тоа е плата што доспеа. Не знам зошто сме на кривично рочиште, за управна постапка во здружението“, рече Блатер, додавајќи дека тој веќе одлежал „седум години затвор, вечност“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?

Евро-фудбал
Јувентус го враќа Виктор Осимен во Серија А

Евро-фудбал
Интер ќе го откупи Залевски од Рома

Евро-фудбал
Роналдо пред разделба со Ал-Наср?

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?
