
Поранешниот бугарски репрезентативец Благој Георгиев повторно потсети на обидот да го купи најтрофејниот македонски клуб Вардар. Обидот за спас се случуваше во текот на летото, но преговорите пропаднаа откако Вардар не доби лиценца за настап во квалификациите за Лигата на шампионите.
Георгиев дојде во Скопје и преговараше за купување на клубот, но и тогаш главен проблем беа долговите кои го има Сергеј Самсоненко.
„Сакав да го купам Вардар, одличен клуб, ама… Влеговме во фаза на преговори, но на крај сепак не дојде до конечен договор. Не ми се оствари желбата. Сепак, никогаш не се знае, можеби мојата желба ќе се оствари со некој друг клуб“, изјави Благој Георгиев.
Во меѓувреме Вардар се уште се мачи, актуелното раководство поставено од Сергеј Самсоненко си поднесе оставки, претседателот Мирко Спасески и извршниот директор Самоил Симев јавно истакнаа дека веќе немаат сила да го предводат клубот кој има наталожени долгови од околу 2,4 милиони евра. Во моментот се преговара за враќање на клубот на Град Скопје, но мора да бидат подмирени долговите. Се најавува и нов моќен спонзор „Катар Ервејс“, но реалноста е дека Вардар е единствениот прволигаш кој се уште не стартувал со зимски подготовки.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја прослави титулата, ама Силекс ја однесе победата. Марко Ѓорѓиевски со два гола...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
„Бомба“ од Мадрид: Реал го купува Нико Вилијамс!
