Фокусот по репрезентативните радости и триумфот над Германија повторно се насочува на домашниот клупски фудбал, а премиерата од 25.коло е закажана во Ѓорче Петров. Денеска од 15 часот, Македонија ЃП го пречекува тимот на Академија Пандев кој беше во полн победнички налет пред паузата. Останува да се види дали составот на Александар Васоски и понатаму ќе продолжи во истиот ритам.
Ова е прва епизода од пресметките меѓу Македонија ЃП и Академија Пандев, со оглед дека веќе за три дена на истото место ќе го играат и полуфиналниот меч од Купот на Македонија.
Ако се послужиме со „македонски муабет“, на кого му се потребни повеќе бодовите, а на кого пласман во финалето на Купот. „Пандевци“ бркаат бодови во првенството за да обезбедат опстанок, но Васоски најави дека приоритет е и освојувањето на трофејот во Купот, кога дојде на клупата на струмичкиот клуб.
Жикица Тасевски со Македонија Ѓорче Петров имаше жестока есен, обезбеди солидно бодовно салдо и цврсто ја чува третата позиција, но секако сака да игра и во финалето на најмасовното натпреварување.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Даниеле де Роси ќе биде нов тренер на Џенова













