
Поддржувачите на македонската А репрезентација кои сакаат ја бодрат нашата селекција на натпреварот Бугарија – Македонија во Разград на 2. јуни од Лига на нации, од денеска (26. мај 2022), можат да купат билети за мечот на стадионот „Хувефарма“ преку официјалниот партнер на ФФМ за продажба на билети, MKTikets.
Цената на билет за натпреварот е 600 денари (вклучено ДДВ и достава).
ЛИНК за купување на билети за натпреварот Бугарија – Македонија:
https://www.karti.com.mk/etickets/TicketList.aspx?pEventID=4312
Продажбата ќе трае до понеделник (30. мај 2022). Своите билети за натпреварот, купувачите ќе ги добијат во вторник (31. мај 2022), преку карго достава на адресата која ја имаат наведено при електронското купување на билетите.
Едно лице ќе може да купи најмногу четири билети со пополнување на бараните податоци за идентификација (име и презиме, датум на раѓање, број на пасош, контакт телефон).
Сите билети кои Фудбалската федерација на Македонија има можност да ги понуди за продажба на македонските навивачи се во секторот на стадионот определен за гостинските навивачи.
„Ги повикуваме сите љубители на фудбалот и поддржувачи на македонската репрезентација со фер и коректно навивање да им помогнат на „рисовите“ да дојдат до вредни бодови на отворањето на новото издание од Лига на нации“, велат од ФФМ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Кристијан Ериксен се сели во Бундес-лигата

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Мармуш неизвесен за дербито на Манчестер

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Млади репрезентации
Спектакл во Битола: Младите фудбалери на мегдан со Италија

Млади репрезентации
Италија и со играч помалку славеше против Македонија во Битола
