Лидс јунајтед го совлада Тотенхем со 3-1 овој викенд, а Езгјан Алиоски имаше одлично издание на мечот. Со асистенција учествуваше во водечкиот гол што го постигна Патрик Бамфорд, а потоа доби и позитивни критики од менаџерот Марсело Биелса.
„Алиоски е искусен играч. Не е потребно ништо да му сугерирате. Тој игра на позицијата лев бек веќе подолго време и многу напредуваше во донесувањето одлуки на теренот. Таков играч би посакал секој менаџер“, изјави Марсело Биелса објаснувајќи ја играта на македонскиот репрезентативец.
Договорот на Езгјан Алиоски со Лидс Јунајтед истекува на крајот од сезоната.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski