
Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски се уште нема потпишано нов договор со Лидс Јунајтед, а тековниот му истекува на крајот од сезоната. Се појавија информации дека тој ќе ја напушти Англија и дека веќе има потпишано преддоговор со Галатасарај, но нема никаква потврда за тоа.
Менаџерот Марсело Биелса вели дека би бил среќен доколку Џани Алиоски остане на „Иланд Роуд“ и следната сезона.
„Не знам каква одлука ќе донесе Алиоски. Преговорите се водат меѓу фудбалерот и раководството на Лидс Јунајтед. Можам да кажам само дека би бил среќен ако Џани остане со нас. Сепак, ќе видиме како ќе се одвиваат работите“, изјави Марсело Биелса.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal