Лидс Јунајтед забележа убедлив пораз (3-0) на гости во Лондон против Тотенхем, а македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски од медиумите доби најслаба оценка од сите актери на теренот. Тој беше виновник за пеналот што во гол го претвори Хари Кејн во 29.минута, а Алиоски беше повлечен од игра по нешто повеќе од еден час поминат на теренот.
Сепак, менаџерот Марсело Биелса го брани Алиоски и вели дека тој не е виновен за лошата игра во дефанзива, туку дека тимот многу често го остава на цедило во клучните моменти.
„Ситуациите во кои страда Алиоски не се поврзани со способностите што тој (треба да) ги има. Тој е неверојатно без и снаодлив фудбалер и ги има сите квалитети за да ги неутрализира противничките фудбалери, дури и најбрзите како Сон и Бергвајн. Но, ситуациите што се создаваат, а Лидс Јунајтед тимски ги дозволува, едноставно прават преголема разлика во корист на противникот што ниту еден фудбалер самостојно не би можел да ги реши. Мора тука да има тимска помош од останатите. Тимот е одгоговорен што во некои ситуации од играта на Алиоски и на другите дефанзивци, им е неверојатно тешко да се справат со противниците. Мораме да се адаптираме брзо кога ќе ја загубиме топката во нападот, мора да се наместиме во дефанзива и останатите мора да им помогнат на одбранбените фудбалери. Токму поради тоа, Алиоски има многу мала одговорност за некои ситуации, а многу поголема одговорност има менаџерот“, изјави Марсело Биелса и ја презеде одговорноста за поразот од Тотенхем.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













